Двајца полицајци добија кривични пријави за примање поткуп

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднеле кривична пријава против двајца полициски службеници од Велес за примање поткуп.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп” по член 357 од КЗ“, соопшто МВР.

МВР информира дека полициските службеници на  16 овој месец за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари.

„Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а истите ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка“, соопшти МВР.

Поврзани новости