Даштевски избран за претседател на ДИК

by fokus

Собранието денеска со 95 гласа „за“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија. Ниту еден од пратениците не се противеше на предложениот состав на ДИК.

Нов претседател на Државната изборна комисија е Александар Даштевски, кој е поддржан од опозициската ВМРО ДПМНЕ. За негова заменичка е избрана актуелната потпретседателка, Детмире Шеху.

Даштевски беше поранешен претседател на Комисијата за антискриминација. За време на неговото раководство, тој но и мнозинството членови на комисијата, гласаа дека екс премиерот Никола Груевски бил дискриминиран од судијката Добрила Кацарска, која го судеше предметот „Тенк“.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК, со кој претседава Оливер Дерковски истекува в петок, на 15 јануари. Дерковски нема да биде дел од новиот состав на Државната изборна комисија.

Поврзани новости