Двајца мажи украле 148 корнети сладолед во Варна

by Fokus 11:34
11:34

Двајца мажи на возраст од 23 и 34 години се приведени во градот Варна во североисточна Бугарија, откако украле сладолед од една помала продавница.

Утврдено е дека разбојниците провалиле во минимаркетот и украле 148 корнети сладолед и четири кутии сладолед од по еден килограм. Пријавата за кражбата ја поднел сопственикот на продавницата. На крадците на сладолед им е одреден притвор од 72 часа.

 

Поврзани новости