Двајца малолетници со шрафцигер убиле соседи во Босна и Херцеговина, па се возеле со нивниот автомобил

by fokus

Двајца малолетници, 15 и 16 години, од Босна и Херцеговина, се осомничени дека пред неколку дена извршиле грозоморно убиство на брачен пар од селото Шуматац крај Велика Кладуша.

Како што објавуваат регионалните медиуми, двајцата малолетници првин ги претепале, а потоа брутално убиле двајцата сопружници. Жената, која била на возраст од 70-години, била убиена со над 20 убоди со шрафцигер во главата и вратот.

Таа имала рани по рацете, што покажува дека се бранела, додека нејзиниот 75-годишен сопруг бил убиен со повеќе убоди по телото. Тој не можел да се брани бидејќи бил инвалид.

Според првичните информации од тамошните истражни органи, децата кои живееле во истото село, ги убиле соседите заради материјална корист. Од нив украле 10 евра, лап-топ, телевизор, златен накит, а по убиството неколку часа се возеле и со автомобилот на убиените соседи.

 

Поврзани новости