Далиќ: Сите репрезентации против нас даваат 200 проценти

by fokus

Тренерот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ по поразот од Унгарија (2:1) во квалификациите за ЕУРО 2020 изјави дека противниците на „коцкестите“ играат посебно мотивирани.

Според него, на следните натпревари тимот треба да одигра подобро.

„Ние доминиравме во второто полувреме, создадовме шанси и се обидовме да извршиме притисок, но не успеавме да го избегнеме поразот. Треба да работиме понапорно и да се бориме на следните натпревари. Мора да бидеме поагресивни. Сите против нас даваат 200 проценти, бидејќи бевме финалисти на светското првенство“, изјави Далиќ.

Поврзани новости