Двајца кумановци претепани со бејзбол палки

by fokus

Ноќеска во 02.30 часот во општа болница Куманово, А.Ш. (29) од Куманово пријавил дека околу 00.15 часот додека седел во ресторан на плоштад Маршал Тито со Р.З., биле физички нападнати од страна на А.Н., А.Н., С.Н., А.Н и Б.Н.

Напаѓачите А.Ш. го удирале со безбол палки по глава и тело каде му нанеле видливи повреди, а Р.З. го удирале со тупаници.

По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот,а на повредените им била укажана лекарска помош во болницата во Куманово, каде се задржани на лекување.

Поврзани новости