Жерновски повикан во СЈО, се отвора „Скопје 2014“

by fokus

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, е повикан да даде исказ во Специјалното јавно обвинителство во вторник.

-Жерновски ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП „Мал Ринг“. Се работи за централното градско подрачје, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект  „Скопје 2014“, соопштија од општина Центар.

Од општината потсетија дека по преземањето на функцијата градоначалник на општина Ценар од страна на Жерновски, беа нарачани ревизорски изветштаи за проектот Скопје 2014 коишто констатирале низа неправилности и прекршувања на законите.

Поврзани новости