Двајца крадци фатени на лице место

by fokus

Вчера попладне, во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба, полицијата ги привела Е.А.(29) и Л.А.(23) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тие биле фатени веднаш по извршено кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се најдени украдените предмети, кои се одземени и вратени на сопственикот.

Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител, по документирање на материјалот против нив, ќе биде поднесена пријава.

Поврзани новости