Двајца демонстранти од Шарената револуција добија пресуди

by Фокус
Кривичниот суд пресуди за уште двајца демонстранти од Шарената револуција. Никола Аризанков доби шест месеци условна казна, доколку во наредните две години не стори кривично дело, додека Филип Наковски доби една година условно доколку во следните три години не стори кривично дело.

– Протестирав, но со зборови а не фрлав со предмети и гледав како други го прават тоа, излегов на протестите само поради аболицијата која ја изврши претседателот Иванов – рече во судница Аризанков.

Филип Наковски рече: „ Се каам за делото за кое сум обвинет, но сакам да кажам дека иако присуствував на протестите, не се однесував хулигански, не кршев иако во еден момент сње најдов во канцеларијата“.