Хајндл: Лидерите да ги стават државните интереси пред партиските

by Фокус 10:56
10:56

По завршувањето на средбите со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи во Тетово, специјалниот пратеник на Германија Јоханес Хајндл кратко изјави дека партиските лидери треба да преземат одговорност и да ги стават интересите на државата пред партиските.

Хајндл додаде дека неговите ставови остануваат на линија на претходните соопштенија на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

- Advertising -