Двајца албански државјани приведени при обид илегално да ја преминат границата кон Албанија

by fokus

Албанските државјани Е.М.(20) и Ш.М.(56) се приведени вчера од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ при обид за илегално преминување на државната граница од Република Македонија кон Република Албанија.

Како што соопшти МВР, тие биле приведени во 12:40 часот кај место викано „Кривска крстосница“.

Двајцата биле предадени на инспектор при Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.

Поврзани новости