Заев за Силјановска и Мицкоски: Има една песна „Strangers in the night“, такви се и они, изгубени до крај

by fokus

Силјановска гледам тргнала по Мицкоски , а овој по Груевски, не бива таа работа. Не нудат ништо. Како ќе и ги задржиме младите без НАТО и ЕУ. Не кажуваат ништо, не нудат ништо, зборуваат за минатото. Има една песна се вика „Strangers in the night“. Како странци во ноќта се, изгубени до крај. Затоа ќе победи Стево Пендаровски, порача лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Тетово.

-Го гледам претходната вечер дошол мојот опонент овде, ги поздравил Унијата на млади сили, Унијата на жени, неколку коалициски партнери што му останале, но заборавил да ги поздрави тетовчани и цело време со мене си правел муабет. А јас синоќа не бев овде, еј мајката што им е на луѓето.. – рече Заев.

Тој им порача на демохристијаните дека не е христијански да му се закануваат.

-Го гледам продолжува со погрдни зборови, со зла мисла, се заканува и уценува. Гледам и некое братство овде било, христијанско и тие се закануваат, не знам дали се христијанско братство по христијанството или по Христијан. Бидејќи во христијанството нема закани туку помагање, топла насмевка, како што има во муслиманството. Доста беше делби и поделби, време е да се сплотиме – порача првиот човек на социјалдемократите.

Тој додаде дека Пендаровски ќе биде претседател кој еднакво ќе им служи на сите граѓани. Крајно време е, порача, да се откажеме од национализам и популизам.

-Остаревме веќе, речиси 30 години изгубивме од нашата независност. Затоа носевме храбри одлуки, создадовме пријателство и се обединивме. Од секогаш сме биле заедно, низ вековите, зарем ќе дозволиме се уште политичари да не делат – рече тој.

 

Поврзани новости