581
Од среда ќе почнат да се собираат потписи за предлог-законот за амнестија да се најде во Собрание. Иницијаторите ќе имаат два месеци да ги соберат потребните 10.000 потписи за референдумот да биде успешен.
Тие очекуваат да соберат двојно повеќе од потребните потписи. Најголем дел од нив би биле од семејствата на затворениците и од самите затвореници.
Предлог-законот за амнестија предвидува ослободување на затворениците кои одлежале повеќе од половина од казната, поради лошите услови и пренатрупаноста во затворите.