„Ако Груевски е премиер, тогаш јас сум балерина“

by Фокус 18:52
18:52

Професорката Мирјана Најчевска беше балерина во претствата „Време за забава“ во режија на Зоја Бузалковска, која синоќа беше изведена во МКЦ. Целта на овој нејзин потег беше, како што рече таа,  да го потенцира проблемот со тоталната депрофесионализација на сите професии во државата.

-Кога Катица Јанева ја нарекувате специјален јавен обвинител, кога Тодоров го нарекувате министер за здравство, кога Ѓорге го нарекувате претседател на држава, кога Груевски го нарекувате премиер, кога Миленко го нарекувате новинар, кога Адеми може да биде министер за образование, кога Латас го нарекувате професор, кога Караѓозоска ја нарекувате амбасадорка …, јас мислам дека заслужувам да бидам наречена балерина, рече професорката Најчевска.

- Advertisements -

Претставата „Време е за забава“ е составена од три едночинки на Пинтер: “Планински јазик”, “Една на заминување” и “Време за забава”. При адаптацијата на текстовите од Пинтер, во македонската верзија планинскиот јазик станува комуњарски јазик, а во претставата има и документарни материјали од актуелните настани во Македонија предизвикани од протестите во мај годинава, како и разговори од бомбите кои ги објавуваше опозицијата.

Поврзани новости