Двајца државјани на Албанија пред пет дена биле пресретнати од полицијата во Гостивар, по што им бил извршен претрес. Кај едниот од нив биле најдени два куршума од пиштол, по што се утврдило дека претходни биле украдени, па така куршумите го разоткриле крадецот.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против двајца државјани на Р.Албанија – М.Р. (23) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје“ и против Ќ.Д.(22) поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 12.03.2018 година околу 15.30 часот во близина на стадионот во село Врапчиште полициски службеници извршиле преглед кај првопријавениот и пронашле два куршуми од пиштолска муниција со различен калибар. Од преземени мерки било утврдено дека на 11.03.2018 година во Кичево пријавените при вршење на тешка кражба ги пронашле и одзеле двата куршума од пиштолска муниција, кои првопријавениот ги задржал за себе, информираат од МВР.