Малолетници ограбиле две цркви, куќа и плевна

by fokus

Од МВР информираат дека три момчиња на возраст од 14, 16 и 18 години, извршиле неколку кражби и тоа во две цркви, куќа и плевна.

-Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против З.А.(16) од с. Озормиште-тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ и едно  кривично дело „кражба “,  против 14 годишен малолетник од село Радиовце поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“,  против Б.Б. (18) од село Копанце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против А.А. (30) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Во периодот од 04.12.2017 до 21.01.2018 година, прво, второ и третопријавениот извршиле две тешки кражби во црквата “Свети Атанасија” во село Радиовце, тешка кражба во црквата “Свети Никола” во село Копанце, тешка кражба во куќа во село Радиовце и кражба во плевна во село Радиовце. Тие со употреба на сила влегувале во објектите и одземале парични срества, разновидни алати и велосипеди, со што се стекнале со противправна имотна корист од 21.500 денари. Четвртопријавениот, украдените предмети ги прикривал и ги продавал на други лица.

Поврзани новости