821
На денешниот предупредувачки протест на Шарената револуција, демонстрантите ја посетија Владата и со два катапулти одново ја офарбаа во шаренило белата фасада.
Демонстрантите антивладиниот протест го започнаа пред канцелариите на СЈО, со цел уште еднаш да ја потсетат власта дека ултиматот поставен кон неа истекува.
Шарените потсетија дека нивните барања се’ уште не се исполнети.
-Прогонот кон борките и борците за правда не запира, а и Уставен суд се’ уште не се произнесува за уставноста на Законот за СЈО. Одлучни сме и посветени да ги применуваме сите форми на протест и отпор се до исполнување на барањата и ден потоа. – порача Шарената револуција.