Душко Млекарот екстрадиран од Германија во затворот во Прилеп

by fokus

Битолчанецот Душко Илиевски кој е познат во јавноста како Душко Млекарот е екстрадиран од Германија во Македонија.

Од МВР велат дека Илиевски е спроведен во затворот во Прилеп за издржување на затворска казна од 1,6 години. Тој бил баран со меѓународна потерница откако се преселил да живее во Германија со семејството каде доби политички азил.

Илиевски бил осуден за учество во толпа и напад на службени лица за време на протестите на „Шарената револуција“. Преку медиумите тој обвинуваше дека сегашната власт, конкретно поранешниот пратеник Александар Кирацовски правел притисок да биде екстрадиран бидејќи ги критикувал.

Тој во минатото ги водеше протестите на битолските фармери против шведската млекарница „Сведмилк“ која не им го исплати откупеното млеко на сточарите. По протестите Душко Млекарот заврши во затвор под обвинение дека нелегално одгледувал марихуана.

Поврзани новости