Дурловски на слобода, а останатите обвинети за „27 април“ осудени на вкупна казна од 211 години затвор

by fokus

Оперскиот пејач Игор Дурловски е единствениот обвинет за „27 април“, кој денеска доби ослободителна пресуда, а останатите 16-обвинети беа осудени на вкупна казна од 211 години затвор.

Дурловски, иако имаше право, не побара амнестија, туку инсистираше низ судската постапка да се докаже неговата невиност.

Тој неколку месеци помина во затворски и куќен притвор.

Останатите обвинети кои денеска беа осудени со првостепена пресуда имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Поврзани новости