Носителот на листа во изборната единица 5 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски при денешното претставување на партиската конвенција рече дека негова задача е да се бори за слобода на македонскиот народ.
-Горд сум зашто ја носам тежината на минатато, но пред мене ја гледам светлината на иднината. Сигурен сум дека ќе работиме тимски, ќе ја вложиме целата енергија. Заедно ќе се фокусираме на обновата на Македонија, ќе се фокусираме на решавање на сите мали и големите проблеми на граѓаните, но секогаш пред нас ќе ја имаме најважаната тема: Македонија. Македонија е да не ги заборавиме неправедно осудените, Македонија е да се бориме со крената глава за неа, Македонија е да е држиме на вистинската страна. Нашата задача е да се бориме за слобода на македонскиот народ и сите народи во Република Македонија. Слободата е блиску, илузијата на нивната лага е при крај. Борбата ќе биде тешка, но нема да отстапиме, рече Дурловски.