Заев: Можеби корона вирусот ќе не стави во поинаков вид на кампања, но не гледам причина изборите да се одложат

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево рече дека не очекува одложување на изборите поради корона вирусот, но очекува поинаков вид на кампања.

-Ги следивме трендовите, сите сме должини да ги слушаме државните органи. Премиерот не повика лидерите на поголемите партии да ни каже каков тип на кампања треба да водиме, за да се испочитуваат препораките. Не гледам причина изборите да се одложат. Можеби корона вирсот ќе не стави во поинаков вид на кампања. Видео стримови, електронски медиуми, имаме на располагање различни начини да допреме до граѓаните, рече Заев.

Поврзани новости