МВР: Ќе се казнува ширењето на лажни вести за корона вирусот

by fokus

Ќе се казнуваат граѓаните – корисници на социјални мрежи и медиумите кои ќе споделуваат и шират непроверени, лажни вести поврзани со корона вирусот, сооопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

-Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести. Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции. За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот, се вели во соопштението.

Ова следува откако министерот за здравство, Венко Филипче го задолжи МВР да објави соопштение со мерките за ширењето на лажни вести и дезинформации. Досега во земјава има официјално потврдени девет случаи на корона вирус, а попладнево Светската здравствена организација прогласи пандемија.

Поврзани новости