528
Повеќе од половината вработени лица во земјата земаат плата пониска од просечната.Податоците на Централната банка покажуваат дека дури 60 отсто од вработените земаат помалку од просечните 360 евра.
Само 16 отсто имаат плата еднаква или малку повисока од просечната, а повеќе од 550 евра земаат само 1, 4 отсто од вкупниот број вработени.
Статистиката покажува и дека во последните пет години просечната плата пораснала за едвај 1068 денари.
Во моментов таа изнесува изнесува 22 187 денари, додека последните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, од февруари годинава, покажуваат дека за просечно четиричлено семејство минималната потрошувачка кошничка изнесува 32 325 денари.