869
Власта и опозицијата не можат да се договорот кој да седне на петтото столче на ад хок телото, кое ќе ги следи медиумите како известуваат во предизборието.
Привремената ад хок комисија, составена од по двајца членови на предлог од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ни денеска не постигна консензус за последното место, а рокот истекува на полноќ.
Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото треба да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик.
Неофицијално, членовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги одбиле кандидатурите на експертите Илир Ајдини и на Петрит Сарачини.