Вртоглаво расте бројот на жртви во Италија

by fokus 21:23
21:23

Најмалку120 луѓе загинаа во разорниот земјотрес во централна Италија, информира премиерот Матео Ренци.

Стотици лица се повредени, а спасувачките екипи трагаат по преживеани низ урнатините во трите гратчиња Аматриче, Пескара и Акумоли, каде беше епицентарот на земјотресот.

Се стравува дека бројот на загинати може да е многу поголем, со оглед на тоа дека голем број на објекти се срушени, а тоа им го отежнува пристапот на спасувачките екипи.

Земјотресот кој денеска удри во Италија беше со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала. Последен пат ваков земјотрес во земјата имаше во 2009-та година во Л’Аквила, во кој загинаа над 300 лица.

Поврзани новости