Дури 47 од патниците во превртениот автобус побарале лекарска помош

by Фокус

Вкупно 47 од патниците кои се превезувале со автобусот на ЈСП, број 67, кој утрово се преврте во Драчево, побарале лекарска помош. Дваесет и девет биле примени во болница за хирушки болести „Св. Наум Охридски“, од кои една 50- годишна жена е задржана на понатамошно лекување. Од останатите патници, четворица помош побарале во Градската болница „8 Септември“, 14 на Ургентен центар, од кои еден од патниците поради скршеница на носот е задржан на лекување на Клиниката за уво, нос и грло.

Автобусот со број 67, марка „Санос“ сообраќал на линијата Транспортен Центар – Зелениково. На влезот во Драчево, се превртел во паркот, во близина на автобуската постројка.

Од ЈСП истакнуваа дека допрва ќе се утврдуваат причината за несреќата.

-Постојат три можности за несреќата. Брзо возење, технички проблеми или нешто му излетало на улицата. Увидот треба да покаже што точно се случило. Автобусот има техничка документација дека е технички исправен, изјави Мишо Николов, директорот на ЈСП.

 

Поврзани новости