Дупка во граѓанскиот суд

by fokus

Веќе една година, на зградата на Основниот суд Скопје 2, е залепено писмено предупредување до странките на кое пишува да не стојат под фасадата на зградата, зошто може да им падне плоча на глава.

„Ве молиме не се задржувајте подолго време под фасадата на судот, поради несигурноста на мермерните плочи од фасадата, кои можат во секој момент да паднат. Од управата на судот. “

Но, наместо да се направи санација, засега само се обновува писменото предупредување. Па така на сите што влегуваат во судот им е најбезбедно доколку со трчање влезат во зградата, бидејќи така имаат помала шанса да бидат повредени.

Освен „разнишаната“ фасада, денеска во судот глетката беше надополнета и со искршен прозорец, кој наместо да се санира, беше излепен со селојтеп. Како што не информираа, прозорецот „настрадал“, на еден од протестите за случајот „Монструм“, но се уште не се заменет со нов.

 

Поврзани новости