Градоначалникот Талески и пратеникот Ковачески не се соочија на суд

by fokus

Откако во Основниот суд Скопје 2 денеска не се соочија министерката Елизабета Канческа-Милевска и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, не се одржа ниту судењето за клевета и навреда, во кое како тужител се јавува битолскиот градоначалник Владимир Талески, а обвинет е Васко Ковачески од СДСМ.

И во овој случај рочиштето се одложи поради неприсуството на судијката која го води предметот.

Градоначалникот Талески го тужи пратеникот Ковачески, за нанесена штета на неговиот лик и дело, бидејќи на пресконференција обвини дека семејството на градоначалникот за кратко време се збогатило.

Со поднесената тужба Талески  од пратеникот бара 15.000 евра обештетување, а за пренесување на пресконференцијата го тужи и Утрински весник и новинарката која го напишала написот, од кои бара вкупно 27.000 евра.

Поврзани новости