666
По воведниот збор на обвинителката Вилма Русковска за случајот „Меѓународен сојуз“, воведен збор даде и адвокатот Сашко Дукоски. Тој потенцираше дека тешко ќе му биде на обвинителството да докаже вина во овој случај.
Според него, „Меѓународен сојуз“ легално соработувал и со фирмата „Пелистер“ на Силјан Мицевски и со „Дрим билдинг“ на Адриан Амзоски.
„На Силјан Мицевски вие ќе му претставувате дека Владата стои зад вас, а тој може да ја смени. Обидете се да му земете 720 денари, а не 720.000 евра, да видам“, рече Дукоски.
Тој додаде и дека Мицевски во предистражна постапка изјавувал сосема други работи, како тоа дека не се чувствува измамен, верува проектот и оти сака негово остварување.