ДУИ во Чаир ќе го кандидира заменик министерот за образование Висар Ганиу

by fokus 16:58
16:58

За градоначалник во општина Чаир, ДУИ ќе го кандидира заменик министерот за образование Висар Ганиу, најави денеска шефот на изборниот штаб на оваа партија, Бујар Османи. Тој рече дека пред Ганиу да ја поднесе кандидатурата ќе даде оставка од функцијата заменик министер.

– Уште во изборите од 2013 година, тогашните кандидати беа министри и дадоа оставка, овој е принцип кој го започнал ДУИ и го оддржува во конзистентност, денес го направивме овој чекор со најголемиот фаворит на овие избори – изјави тој.

Поради ангажманите околу изборните кампањи, Османи изјави дека планира да земе годишен одмор и во Секретаријатот за европски прашања ќе ги извршува само неопходните обврски.

- Advertising -

 

 

Поврзани новости