Османи: Постои можност со СДСМ уште во првиот круг да одиме со заеднички кандидати во неколку општини

by Fokus
Откако „Фокус“ денеска објави дека меѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ постојат преговори за во некои општини да настапат со заеднички кандидати, односно ДУИ да го подржи Петре Шилегов во Скопје, а СДСМ да нема свој кандидат во Чаир, со изјава излезе и Бујар Османи.
Според него, се уште не се финализирани разговорите помеѓу коалициските партнери.
-Ќе видиме според околностите, меѓутоа, има позитивни сигнали дека ќе се оди со заеднички кандидати уште во првиот круг – рече Османи.

Поврзани новости