ДУИ вечер расправа за составот и програмата на новата влада

by Fokus

ДУИ вечер во партиското седиште во тетовска Мала Речица ќе оддржи седница на партиското Централно претседателство, на која, како што велат од партијата на Али Ахмети, ќе разговараат за учеството на партијата во новата влада.

– Претседателот прави консултации со ограноците и партиските форуми со цел да се дојде до соодветни кадровски решенија – вели за Фокус партискиот портпарол Бујар Османи, додавајќи дека партискиот врв вечер ќе расправа и за владината програма.

Инаку, Османи се спомнува како иден вицепремиер за евроинтеграции, додека како можни министри од оваа албанска партија во новата влада на Зоран Заев уште фигурираат Хазби ЛикаСадула ДуракуАднан Јашари

В.С.

Поврзани новости