Заев е реизбран за лидер на СДСМ: Македонија е на прагот да добие нова влада и живот за сите

by fokus

Зоран Заев е реизбран за лидер на СДСМ. Македонија е на прагот да ја добие новата влада, порача Заев пред присутните сопартијци на 22 редовен конгрес на партијата.

„Живот во Македонија за сите. Од денес тоа е наша света обврска. Грѓаните на Македонија се на прагот да ја добијат својата Влада по речеиси 11 години наметнат режим. Од денес се отвора широко поле на можности за обнова на општеството но, и на нашите животи. Ова е нов почеток з а нашата Македонија “, рече пред присутните делегати Заев.

Тој додаде дека нема да дозволи да се повтори злото и дека ќе дозволи еднаква можност за сите во општеството.

„Свесен сум дека имаме големи предизвици, за демократскиот ќорсокак из а излоацијата на надворешен план, за економскиот колампс. Од следната недела се отворатаат можностиѕтете за сите. Ќе им дадеме шанса на сите. Ќе работиме на создавење не, на рушење. Посветено ќе работиме и со посебна грижа ќе се потрудам да ја оправдаме вашата доверба. Нема да дозволиме да се повтори злото што им го направи ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните и државата. Ние веруваме во општествен прогрес и тој прогрес е можен, веруваме во споделена иднина и дека секој е важен. Затоа ќе овозмоижиме еднакви шанси за сите во владата и општеството,“ рече  Заев.

Поврзани новости