Шекеринска: ЕУ е единствена патека за Македонија

by fokus 19:35
19:35

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска по реизборот изјави дека пред нив има остварлив предизвик граѓаните да ги заборават овие кризни 11 години.

Таа вели дека треба Македонија да се врати на патот кон ЕУ и НАТО. Рече дека патот нема да биде лесен, но ќе работат посветено.

- Advertisements -

„Пред четири години кога ја баравме вашата поддршка, се боревме и создадовме впечаток на партија која знае што сака и која не се бори за позиции, туку за принципи и отворање шанси за сите во државата. Сакаме тој впечаток да го создадеме за нашата татковина“ – рече Шекеринска.

Заменик претседателката вели дека единствена патека за Македонија е патот кон ЕУ.

Вели дека за 4 години создале партнерство со многу организации, партии, институции, луѓе кои влијаат на меѓународната сцена.

Шекеринска додава дека за 4 години сите ќе бидат горди на она што ќе го направат.

Поврзани новости