584
Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера одржала редовна седница каде едногласно било одлучено да се продолжи процесот на реорганизација на партијата кој почна лани во ноември.
Инаку процесот на внатрепартиските избори, на ниво на ограноци и месни заедници беше привремено прекинат во март оваа година, поради предвремените парламентарни избори и изборните активности во кои беа вклучени сите партиски структури.
Според одлуката, ноември годинава е краен рок за завршување на внатрепартиските избори.
На состанокот, Централното претседателство ги определи и координаторите на изборите на ниво на изборни единици – Садула Дураку, Бекир Асани, Невзат Бејта и Изет Меџити.