484
ДУИ е мета на клевети и конструкции за наводни судири при изборот на Беким Незири за шеф на Централниот изборен штаб за идните избори, како дел од антиалбанската кампања координирана од страна на многу кругови, реагираат од партијата.
„Пред неколку дена ги предупредивме граѓаните дека во следните месеци, во пресрет на изборите, ќе се одвива една бескрупулозна кампања со клевети и неосновани конструкции, со единствена цел за уништување на успешната политичка организација на Албанците во Македонија. Времето кога другите ги имаат претставено Албанците и ги назначиле нивните предци заврши и нема да се повтори никогаш. Денес, Албанците се господари на сопствената судбина и нема да дозволат антиалбански кругови да ја диктираат и да ја искористат албанската политика во Македонија“, стои во реакцијата на „интегративците“.