ЛП: Аферата „Маѓар Телеком“ ја покажува корупмираноста на ВМРО, СДСМ и ДУИ!

by Фокус

Аферата „Маѓар Телеком“ ја има силината на „бомбите“, бидејќи покажува дека коруптивните афери се карактеристика на македонските влади во континуитет и дека во нив се засегнати и „големите“ партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ) и нивните коалициони партнери, соопштија од Либералната партија.

„Откривањето на незаконското финансирање на политичарите и политичките партии е основа за спречување на корупцијата на партиите, но и на системот во целост. Имајќи во предвид дека документацијата за случајот била на располагање на Јавното обвинителство во најмалку два мандати, а за тоа време не е отворена постапка, го повикуваме Специјалниот обвинител да го процесуира и овој случај“, сметаат либералите.

 

Поврзани новости