Средношколски пленум: Ќе ја продолжиме политичката битка со власта!

by Фокус

Крајно понижувачкиот однос кон нас се непоткрепените факти, небулозните лаги и компарации кои ги изнесовте во врска со нашето образование, докажува дека никој друг освен вие не се обидува да стекне политички поени врз нашиот грб, реагираат од Средношколскиот пленум на делот на говорот на премиерот Никола Груевски на Денот на независноста (8 септември), кој се однесуваше на состојбите во образованието.

„Битката меѓу Вас и нашиот пленум е политичка, но никако не е партиска. Знаете, разликата помеѓу политичко и партиско делување и спротивставување е огромна, и за нас е загрижувачки тоа што Вие, како премиер, како личност на врвот на нашата држава и истакнат политичар, овој факт не го знаете. Дали можеби ова говори нешто за квалитетот на образованието во времето кога Вие сте биле средношколец? Дали можеби размисливте дека токму против ова се бориме ние, против незнаењето и неиздржаноста на фактите кои ги изнесува македонскиот ученик пред светот? А дали кога зборувавте со вашиот пријател кој средното го завршил во Франција, и бил воодушевен од континуираните тестирања, Ви падна на памет дека неговиот труд во текот на годината бил оценуван повеќекратно, со релевантни тестови, а нашиот деветмесечен вложен труд опадна на триесетина прашања, триесетина кликови и неколку стотина учени напамет одговори кои испаруваат од нашите глави оној момент кога ќе кликнеме на едно копче на кое пишува „Крај на тестот”?, стои во реакцијата на СП.

Поврзани новости