-Друга карактеристика на овие преговори, од Законот за специјалното обвинителство до Изборниот законик, е проширувањето на полето на користење на двојното мнозинство (Бадентер) и промоција на принципот на воспоставување консензус како и анализа за спроведување на Охридскиот договор во соработка со ОБСЕ и Европскиот институт за мир, вели ДУИ во своето соопштение за постигнатиот договор .
Како што се вели во соопштението, лидерот Ахмети истакнал дека овој договор нема победници, но ниту губитници, додавајќи дека затворањето на отворените прашања претставува добар развој и за државата и за народот.
-Албанските позиции во извршната власт останаа недопрени, додека според договорот, промени, контрола и меѓусебна поделба на власта, ќе има само меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради судири и недоверба меѓу двете македонски партии, кој доведоа до подлабока политичка криза во земјата, стои во соопштението.