ДУИ: Ние сме НАТО и гарант на Охридскиот и Преспанскиот договор

by fokus

ДУИ денеска им честиташе на сите граѓани за полноправното членство на нашата земја во НАТО по завршувањето на сите формални постапки на процесот за членство и порача „Ние сме НАТО“.

Големите достигнувања оваа недела се круна на нашето национално и
политичко дејствување, сега веќе сме полноправна членка на НАТО  и ги
започнавме преговорите за членство во Европската Унија. Почитувани граѓани, Демократската Унија за Интеграција е гарант на
Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство. Нема да
дозволиме враќање назад. Навистина, процесите на рамноправност и интеграција задоцника, но на крај се реализираа за да станат постојани. Сите достигнувања се заслуга на граѓаните на нашата земја. ДУИ изразува благодарност до Соединетите Американски Држави и 28-те земји членки за поддршката за нашето членство во НАТО и цени дека ова е заеднички успех на сите нас, велат од ДУИ.

 

Поврзани новости