456
Портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи во изјава за Алсат-М телевизија рече дека неговата партија не би имала против да се формира специјално судско одделение за предметите на Специјалното јавно обвинитество.
-Ова е сериозна тема, која не може да биде прашање на медиумски разговори или по кругови. Ако има таква волја, тоа треба да помине институционално, првин преку разговори на релевантните партии потписнички на Пржинскиот Договор. Ако во тие преговори се отвори таа иницијатива, ДУИ принципиелно е за формирање на канцеларија или посебен оддел, кој ќе се занимава со случаите на СЈО, рече Османи.