Новковски влезе во расправија со студентите

by fokus

Еден од двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ, Ненад Новковски, влезе во расправија во студентите кои утрово ја блокираат Ректорската управа.

Тој им рече на студентите дека да му овозможат да влезе со цел да се одржи седница на која тој би бил избран за нов ректор и со тоа би ја вратил автономијата на Универзитетот. Додаде и дека студентите немаат право да ја блокираат управата, по што доби негодувања од студентите.

Додека студентите не дозволуваат никој за влезе во Ректоратот, ректорот Стојковски и вработените стојат настрана, а на студентите им се приклучи и Професорскиот пленум.

ФОТО: НОВА ТВ

Поврзани новости