Сенаторите се обидуваа да влезат во Ректоратот од други влезови

by fokus

Студентите не попуштаат, а нелегитимните претставници на Студентскиот парламент од други влезови се обидуваа зад грб да влезат во Ректоратот. Некои кандидати за сенатори од СПУКМ се обидоа да влезат во Ректоратот преку бифето од спротива, кое е поврзано со зградата.

Претседателот на СПУКМ со истечен мандат, Кирил Спировски и уште неколку претставници успеаја да влезат преку бифето од спротива, кое е поврзано со зградата.

Студентскиот пленум, кој бараше 10 претставници да присуствуваат на седница, сега инсистира да влезат четворица, но ректорот стои на ставот дека само двајца може да бидат присутни.

Поврзани новости