Во првичната реакција на ДУИ не се споменува ниту збор за објавената аудио снимка на која се слуша гласот на лидерот Али Ахмети. Партијата преку соопштение кусо реагираше на пресот на Зоран Заев на кој беше прикажан само еден од снимените телефонски разговори на Ахмети, иако лидерот на СДСМ посочи дека ги има многу и се со далеку посериозна содржина од објавениот.
„Го осудуваме секое дејство кое е спротивно со правната држава и основните човекови права. Сметаме дека сите отворени прашања треба да се решат на транспарентен и по институционален пат. Бараме од сите политичките фактори да бидат одговорни и совесни за, и така тензичната ситуација во земјата“- стои во реакцијата.
СДСМ објави дека речиси сите главни политичари на Албанците биле следени од УБК. Заев емитуваше телефонски разговор, освен на Ахмети, на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и на Руфи Османи.