Грција е закана за британската економија

by Фокус

Британија се подготвува за можно излегување на Грција од еврозоната, а според британскиот министер за финансии спорот помеѓу Грција и еврозоната е закана за британската економија.

Премиерот Дејвид Камерон пак, одржа состанок со британските министри за финансии  токму за ова прашање. На состанокот присуствуваа и претставници на Англиската банка.

-Владата во текот на 2012 година презеде сеопфатно планирање, во време кога постоеја притисоци на еврозоната во врска со Грција. Имајќи предвид дека сега постои нова грчка влада, сметаме дека е вистински момент тоа повторно да се преиспита, – изјави портпаролот на Камерон.

Портпаролот додаде дека постои ризик по финансискиот пазар и затоа треба „да бидат подготвени“.

Поврзани новости