436
Едногласната одлука сите наши министри и заменици-министри во Владата да поднесат неотповикливи оставки е израз на револт за прислушкувањето, продажбата и дистрибуцијата на аудио материјалите кои се произведуваат и монтираат дополнително со тенденција да ги оштетат и урнат напорите за системски реформи, соопштија од ДУИ.
„Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ одигра конструктивна улога во насока на постигнување решение и даде клучен придонес за постигнување на договор во Скопје, со цел да се врати стабилноста и безбедноста во земјата. ДУИ исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурните реформи што произлегуваат од Договорот, при што меѓу другото, се основа и институцијата на специјалниот обвинител со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушкуваните материјали и се инсталира широка Влада за имплементација на вонредни избори во земјата. ДУИ има инвестирано и дадено значителен придонес во овој процес, често и речиси секогаш на сопствена штета, но постојано за доброто на државата и општеството, затоа што веруваше со посветеност во процесот на реформирање на менталитетот и на институциите“, стои во соопштението на „интегративците“.
Но, додаваат од таму, со жалење констатираме дека овој процес веќе е компромитиран, како последица на масовното нелегално прилушкувањето како и поради понатамошна дистрибуција на материјалите во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во разни „Фабрики за афери“.
– Процесот беше компромитиран како резултат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби за да се спречи девалвацијата на сите наши напори за да се воспостави заеднички систем за контрола и институционално истражување на содржината на прислушкувањата и ноесењето на одговорноста за злоупотреби“, се наведува во соопштението од Мала Речица.