СДСМ: ДУИ ја комплицира политичката криза

by Фокус

Со денешниот потег еднострано да ја напушти техничката влада, формирана согласно Договорот од Пржино за спроведување на слободни, фер и демократски избори, ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза во земјава, реагираат од СДСМ.

„Во периодот кога во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ беа објавувани докази и аргументи за криминалот и курупцијата на коалициската влада и кога стана јасно дека масовното незаконско прислушување на граѓаните се спроведувало во МВР, ДУИ ниту еднаш не повика на одговорност. Ниту ДУИ не го повика својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ на одговорност, ниту пак функционери од ДУИ, коишто учествувале или дозволиле масовна операција за наршување на приватноста на граѓаните, понесоа одговорност“, велат од партијата.

Социјалдемократите остро го осудуваат објавувањето на снимки коишто задираат во приватноста на граѓаните и личниот живот.

Поврзани новости