375
Централното претседателство на ДУИ расправа за повлекување на министрите од техничката Влада.
-Одредени аргументи се дека и при оставка, министрите треба да останат на должноста до новата влада, но и дека ќе се деблокира состојбата – рече Бујар Османи предмалку во Мала Речица и ги испрати новинарите, објаснувајќи дека расправата долго ќе трае.
ДУИ има повеќе од една третина министри во владата, оставката на една третина е паѓање на влада, но и паѓање на влада значи останување до нова влада, рече Османи.
Тој кажа дека ДУИ не сака нови избори, ги разгледува само сите опции кои експертите ги укажуваат дека се можни за деблокада на политичката состојба.