Груби: БЕСА ги повлече потписите за влада со Заев

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети свика итен состанок на централното претседателство на партијата на кој ќе се расправа за „однесувањето на БЕСА” и блокадата во Собранието.

Артан Груби брифира за Мета дека движењето БЕСА ги повлече потписите што му ги даде на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако одлучиле да не го поддржат предлогот претседател на Собранието да биде Талат Џафери.

На состанокот главна тема ќе биде оваа, како што ја нарекува , опозициска коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА.

Претходно, од Беса најавија дека нема да ја поддржат кандидатурата на Џафери, бидејќи сметаат дека реформите не можат да започнат од ДУИ, кои десет години коалицираа со ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, рекоа дека нема да ги повлечат потписите дадени на Заев за добивање мандат.

Поврзани новости