ДУИ и Алијансата за Албанците ги објавија предлозите за заменици-министри во новата Влада

by fokus

Демократската унија за интеграција ги предложи кандидатите за заменици министри. Во новата влада од оваа партија ќе има претставници во МВР, одбрана, образование и финансии. Агим Нухиу ќе биде заменик во МВР, Беким Максути во одбрана, Висар Ганиу во образование и Ширете Елези во финансии.

Од Алијансата за Албанците за заменици министри предложени се Арта Точи во Министерството за надворешни работи, Ремзи Мехмети во Министерството за транспорт и врски и Елми Азири во Министерството за труд и социјална политика.

Владата се подготвува за комплеирање на вториот ешалон, но и за избор на државни секретари и директори на јавни претпријатија. Засега е извесно дека ДУИ во новата влада ќе биде застапена со четири заменички министерски места.

Претходно ДУИ во владиниот кабинет доби четири министерски места и две вицепремиерски.

Откако Владата ќе ги прифати овие предлози, следува верификација на мандатите во Собранието, кое треба да се случи во текот на оваа недела.

Поврзани новости